Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сладоледот во различни вкусови секое лето ни ги разубавува топлите денови и не разладува во летната жештина. Но, секој човек си има засебен, па следствено и омилен вкус на сладолед.
The Gelato World Tour во Италија го прогласи сладоледот со вкус на фстаци за победник и најдобар во 2017 година. Истиот е иновиран и направен од слаткарот Алесандро Криспини од „Гелатерија Криспини“ во италијанскиот град Сполето.
Гурманската креација е спој од три вида на сицилијански фстаци, два од областа на Бронте и еден од Агригенто.
Втората награда ја однесе сладоледот од грозје со зашеќерен сорбет од ореви од германскиот слаткар Гвидо Де Рока. Трето место освои младата Колумбијка Даниела Линце Ледесма од Медељин со нејзиниот егзотичен производ Амор акуја, мешавина од слатко-кисел вкус на маракуја и темно колумбиско чоколадо.