Вкусни чоколадирани мафини без глутен


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вкусните чоколадирани мафини без глутен се десерт кој ќе го задоволи вашиот порив и „потреба“ за благо, а истовремено не се штетни за вашиот организам.

Потребни состојки:

¼ шолја интегрално оризово брашно

½ шолји бадемово брашно

¼ лажичка сода бикарбона

Половина лажичка сол

140 гр. темно чоколадо

115 гр. путер

Три лажици какао

Три јајца

Шолја кафеав шеќер

Две лажици екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте го тавчето за мафини со путер.

Во садот промешајте оризово и бадемово брашно, сода бикарбона, сол и цимет. Во друг помал сад промешајте чоколадо и путер и стопете ги на пареа. Кога ќе ги тргнете од огин, додајте и какао.

Во поголем сад, со миксер изматете јајца и шеќер и додајте екстракт од ванила.

Постепено додавајте ја смесата од чоколадо и путер, матете околу една минута, па додајте ја смесата со брашното и соединете ги.

Смесата сипете ја во калап и печете околу 15 минути.