Вкупно 300 години затвор за нарко групата на чело со Дарко Шариќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот нарко бос Дарко Шариќ, заедно со неговата шверцерска група добија вкупна затворска казна од 300 години која им беше изречена од Специјалниот суд во Белград.

Белградскиот суд го осуди во повторена постапка Дарко Шариќ на 15 години затвор поради организирање шверц на кокаин. Шариќ е осуден на максималната казна и останува во затвор.

Дарко Шариќ е осуден како организатор на групата која прошверцувала 5,7 тони кокаин од Јужна Америка во Западна Европа во текот на 2008 и 2009 година. неговите соработници и припадници на групата се осудени на казни од една до 15 години затвор.

Оваа пресуда е донесена во повторена постапка, откако српскиот апелациски суд ја укина првостепената пресуда од јули 2015, со која Шариќ беше осуден на 20 години затвор, а друте на повеќегодишни казни.

Апелацискиот суд тогаш оцени дека првостепениот суд го прекршил законот кога не го применил поблагиот закон донесен во 2005. Според законот од 2005, за неовластено производство и дистрибуција на опојни дроги одредена е казна од 5 до 15 години затвор, па Шариќ овојпат е осуден на максималната затворска казна.

На групата на Шариќ ѝ е повторно судењето по единствено обвинение споено од претходните шест обвиненија, со кое се теретат за шверц на над 5,7 тони кокаин од Уругвај, Бразил и Аргентина во Западна Европа во 2008 и 2009.

Шариќ четири години беше во бегство, а на српските власти им се предаде на 18 март 2014 година од кога е во притвор, додека другите се бранат од слобода.