Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради одржувањето на овогодинешното издание на „Визер Скопски маратон“, утре, сабота, 4 мај, дел од автобуските линии што сообраќаат на трасата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.
Туристичката линија „Сити тур“ нема да сообраќа цел ден, информираат од ЈСП.
„Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот. Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.
Од 7 до 14 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.
По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите:
3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73“, се вели во соопштението од ЈСП во кое се додава дека на нивната веб страница www.jsp.com.mk може да се видат трасите на линиите кои ќе возат изменето од вообичаениот режим.