Виц: Внимателно следење тежина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се среќаваат двајца пријатели. Едниот му вели на другиот:
– Си ослабел, да не почнал да вежбаш?
– А, да… Почнав редовно да одам на фитнес и уредно ја следам мојата тежина. Дури си ставив и вага во тоалетот и знам точно колку сум се испразнил.
Другарот импресиониран прашува за деталите околу мерењето:
– Некоја софистицирана шема а… Ќе се измериш пред да седнеш на шолјата, а потоа повторно, и ја сметаш разликата?
– Сега кога ти спомна, се мислам… и тоа е добра варијанта!