Home Мајтап Виц: Успешна продажба

Виц: Успешна продажба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Млад дечко бил на интервју за работа за работно место во секторот за продажба.
Менаџерот за човечки ресурси му дава еден лаптоп и му вели:
– Ајде, обидете се да ми го продадете!
Го зел дечкото лаптопот, излегол со него од канцеларијата, а потоа и од зградата. По неколку минути, кога веќе ја поминал и улицата, му ѕвони телефонот. Менаџерот врескал хистерично:
– Ѓубре едно, веднаш да ми го вратиш лаптопот!
– Нема проблем. Денеска имаме специјална промоција! Само 300 евра и ваш е…