Виц: Трудова инспекција кај земјоделецот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трудовата инспекција дошла кај еден македонски земјоделец, бидејќи некој го пријавил дека не им плаќал доволно на работниците. Човекот ги пречекал и почнал да одговара на прашањата:

Значи имам тројца работници, едниот е Јован. Тој ми работи на полето. Му плаќам 800 денари дневница плус храната.

Добро, а на другите?

На Пејо му плаќам 1000 денари дневница плус храна, затоа што тој ми се грижи за механизацијата.

А на третиот?

Е третиот е малоумен. Тој работи по цели 18 часа на ден, ја врши 90 насто од работата, заработува по 50 денари дневно, а сам си ја плаќа и храната. Но, секоја сабота вечер му купувам по едно шише ракија, за во недела да одмори.

Ахааааа! Е па за тоа сме дојдени ние. Токму со тој малоумниот сакаме да зборуваме, се израдувал инспекторот.

Па веќе зборувате со него.