Мајтап

ВИЦ: Трпе оди кај Мице да бара пари на заем

Трпе оди кај Мице да бара пари на заем.

– Мице, како брат те молам, ми требаат 1000 евра итно. Борчлија сум на едно место, ќе ме претепаат!

Мице се дума и му вели: – А бе многу пари се тие брат. Не можам да ти дадам толку.

Трпе инсистира: – Мице, мора да ми помогнеш, ќе направам се што сакаш.

Мице му вели: Ех, се што сакам. Не знам како ќе ме сфатиш, ама долго време имам мерак на Трпана твоја. Ако можеш да ја пратиш само една вечер.

Трпе не сакал да ја прати жена му, ама многу ми требале парите па се сложил.

Се вратил Трпе дома и на Трпана и рекол: Види Трпано, гледај прави, Мице рече само за една вечер со тебе, па ќе ми дадел 1000 евра.

Пошла Трпана кај Мице, си поминала ноќта се како што е редот и утрото се враќа дома.

– Што се случи Трпано, добро се покажа? Ти даде Мице 1000 евра?

– А бре јас сигурно добро се покажав, оти тој рече дека и 2000 евра ќе ти дадел, ама немал ич!

Advertisements
To Top