Виц: Таксистот и техничарот во интернет оператор


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вработени во некој интернет провајдер се качиле во такси и прашале за цената.
Нудиме неограничен пакет за 100 денари, одговорил таксист.
Кога пристигнале на бараната адреса, тој им рекол:
2400 денари, молам.
Но нели рековте 100 денари? се изнервирале патниците.
Видете сега, почнал да им објаснува возачот. При неограничен пакет брзината е ограничена на 10 км на час, а Вие ме замоливте да возам побрзо. При зголемена брзина се наплаќа по 100 денари за секои 10 км час. Освен тоа неограничениот пакет е валиден само во рамките на еден регион, а Вие патувавте во соседниот регион, тоа веќе е роаминг. Патување надвор од почетниот регион се наплаќа еднократно 100 денари. Освен тоа, при роаминг се наплаќа по километар, а тарифирањето е на почеток за првите 100 км, што значи тоа се уште 900 денари. И тоа воопшто не ви е скапо затоа што нашата стандардна тарифа е 1500 денари за км, а вие плаќате роаминг 900 денари на км. Дури ви излегува и многу поевтино! Покрај тоа Вие бевте повеќе корисници. Од 1 јануари услугата групни патувања се плаќа, по 190 денари од човек. И уште 390 денари. Вие користевте музички пакет, бидејќи влегувајќи во такси се согласивте да ја користите оваа платена услуга. Значи се вкупно должите точно 2400 денари.