Виц: Таа не е жена ми


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Маж патува со такси, и ја гледа својата жена како влегува во еден хотел.
Му вели на таксистот:
Сакаш да заработиш 100 евра?
Сакам. Што треба да направам?
Да ја извлечеш жена ми од хотелот за коса, и да ми ја доведеш мене, еве ти слика.
Таксистот тргнува и по кратко време излегува од хотелот влечејќи една жена за коса, а згора на тоа и ја клоца:
Еееееј! Тоа не е мојата жена!
Не е, не е твојата, оваа е мојата, придржи ја малку, сега се враќам по твојата.