Home Мајтап Виц: Среќниот број 7

Виц: Среќниот број 7

Еден човек се разбудил, погледнал на часовникот, било 7 часот и 7 минути. Се облекол, отишол во кујната, погледнал на календарот, 7-ми, јули (7-ми месец). Излегол надвор, а на автобуската постојка стои автобус со број 7. Влегол во продавница, сметката му била 77 денари.
„Повеќе од јасно е дека денес 7 ми е среќен број. Имам претчувство дека треба да го искористам тоа“ – си помислил човекот.
Отишол во една обложувалница за коњски трки и коњот со број 7 се викал „Судбина“. Човекот решил последните 1000 денари што ги имал да ги стави на тој коњ. И навистина, види среќа – коњот завршил… седми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…