Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Скржавец отишол со своето семејство во Скопје на гости кај роднини. На автобуската станица скржавецот прашал еден таксист:
– Колку чини да не однесете до Карпош?
– До Карпош… чекај да проверам… Околу 150 денари.
– Колку?! Глупости! Подобро ќе одам пешки.
Таксистот видел со каков си има работа и му предложил:
– Добро, нема да ми плаќаш, ако издржиш да не изустиш ни збор во текот на целиот пат!
Скржавецот веднаш се согласил, се качиле сите во таксито и тргнале. Таксито лета, се пика меѓу автомобилите, свири, пцуе… Скржавецот се поти, ги гризе усните, ги гризе ноктите, менува бои, но молчи. Стигнале и таксистот рекол:
– Браво! Целиот пат не пушти ниту звук! Кажи ми, кога ти беше најтешко да издржиш?
– Па… на семафорите кај Соборна, кога испадна детето…