Виц: Што е стрес


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Што е стрес?
– Возиш кола, качуваш згодна автостопрека, лаф муабет и наеднаш типката паѓа во несвест, ти препален не знаеш што е работата и ја носиш во болница…е тоа е СТРЕС…
Влегуваш во болницата, девојката ја прегледуваат и ти кажуваат дека е трудна, Ви честитаат, ти во небрано, а она тврди дека ти си таткото…СТРЕС…
Ти целиот збунет, викаш дека ја знаеш само саат време и бараш да се направи ДНК за татковство, го правиш, те вика докторот настрана и ти вика:
– Немај гајле не си ти таткото, ти не си плоден… и тоа е СТРЕС, ама со олеснување…
Е сега, после тоа возиш накај дома, и ти текнува дека дома имаш три деца…Е ТОА Е ЧОВЕЧЕ СТВАРНО СТРЕС!!