Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Две соседни семејства. Во едното цело време има караници, а во другото владее мир и спокојство. Не можејќи да издржи, жената го праќа мажот да види, зошто кај соседите владее таква хармонија. Отишол тој и гледа, сосетката пере. Поминува мажот, се сопнува и турнува отворена кутија со боја врз испраната облека…
– Извини! – Рекла неговата жена. – Јас сум виновна што ја ставив тука испраната облека.
– Не, ти извини! Јас сум виновен, зошто не ја затворив кутијата со боја. – Одговорил сопругот.
Се вратил мажот и жената го прашува:
– Што се случува кај соседите? Дозна ли зошто никогаш не се караат?
– Да! Дознав.
– И…
– Па, кај нас сите се во право, а кај нив сите се виновни.