Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стара баба на смртна постела го прашува дедото:
– Ти, говедо едно, колку пати си ми изневерил? Признај ми барем сега!
– Само 2 пати! – одговара дедото.
– Знаев дека ме изневеруваш, простак, говедо, неблагодарник…
Бабата починала. По 2 години починал и дедото. Кога отишол на небото го видел Свети Петар до еден рингишпил.
Дедото го прашал светецот каков е овој рингишпил, а Свети Петар му одговорил дека колку пати си го изневерил својт брачен и животен сопатник, толку години се вртиш.
Се согласил дедото и седнал во едно седиште. По некое време прашал:
– А бе, Свети Петре, таа напред што седи жена ми е?
А Свети Петар му одговорил:
– Абе батали ја неа, има да се врти уште 10 години.