Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Две студентки во студентски дом, цимерки, се спремаат за ручек, па едната пржи домашни колбаси. Пред пржењето, им ги потсекува краевите и ги става да се пржат. Другата ја гледа и ја прашува:
Зошто им ги потсекуваш краевите?
Па, не знам, мајка ми така прави, јас гледав и така научив и јас.
Ај јави се кај мајка ти и прашај ја, ме интересира.
Ѕвони студентката кај мајка ѝ. Крева мајата и ја прашува:
Мамо, зошто кога пржиш колбаси им ги потсекуваш краевите?
Така е останато од старина, ќерко. И баба ти така ги пржи колбасите.
Ај ќе ѝ се јавам неа ќе ја прашам.
Ѕвони кај бабата и ја прашува:
Бабо, зошто кога пржиш колбаси им ги потсекуваш краевите, па така сме научиле и ние од тебе?
А бабата:
А вие внучке уште ли немате купено поголемо тавче за пржење колбаси?