Виц: Првиот училишен ден на Трпе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Трпана го спрема малиот трпе за првиот ден на училиште:
– Слушај сега Трпе, немој да не срамиш на училиште! Кога ќе те праша учителката како се викаш ти ќе и одговориш Трпе, кога ќе те праша колку години имаш ти ќе и кажеш седум и кога ќе те праша дали знаеш да читаш и пишуваш ти ќе и одговориш – не.
Трпе клинал со главата и цел пат од дома до училиште си повторувал:
– Трпе, седум, не…
Стигнал трпе на училиште и учителката го прашува:
– Колку години имаш ти?
Трпе подголтнува и промумлува:
– Трпе…
Учителката збунета го прашува:
– А како се викаш?
Трпе и одговара:
– Седум…
– Да не се зезаш ти со мене? – прашува учителката
– Не… – одговара Трпе