Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемот не е во тоа што жената му наредува на мажот во семејството, туку фактот што тоа го прави на крајно погрешен начин. Драги дами, еве ви неколку докажани команди за мудро управување со семејството:
– Доста миеш садови!!! Ајде марш таму на риба!!!
– Не сакаш да јадеш боранија? Тогаш ќе јадеш свински врат!
– Што не ѝ се пуштиш на убавата комшивка? Мажите од цела зграда ја поминаа, ќе помислат дека сум се омажила за неспособен!
– Не сакам палто и чизми! Купи конечно алуминиумски бандажи за колата и земи си нова јадица, да не ме срамиш пред луѓето!
– Јади да се поправиш малку повеќе! Ме возбудува кога стомакот ти е удобен како воден кревет.
– Другите мажи веќе ја пијат шестата ракија, а ти уште се лигавиш со првата!!!
– Доста играте Бељот со другарите по дома, кафани нема ли?
– Доаѓај веднаш ваму, да ти направам една комплетна програма, зошто сум многу уморна и ќе ме заболи главата после.