Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се спрема женска од некое мало место за студии во Скопје. Грижливата мајка и вели:
-Ќерко моја, пази се таму, ќе те види некој мангуп, па ќе ти каже дека си убава, па да те изнесе во град, па во кино, па ќе те однесе кај него на кафе, па ќе скокне на тебе…, а јас јадна ќе умрам.
-Добро мамо – огговорила ќерката.
После два месеца, доаѓа ќерката прв пат дома и кога останале сами, мајката ја прашала:
-Ќерко, а што се случи со она што разговаравме?
-Леле мамо, навистина беше како што рече ти. Дојде еден, па ми кажа како сум убава, па ме изнесе во град, па во кино, па отидовме кај него на кафе…
– И, и што се случи потоа? – прашала грижливата мајка.
– Е, тогаш мајко, јас му скокнав на него. Зошто ти да умреш, нека умре неговата мајка!!