Виц: Попе, да ми го отпееш кучето?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оди еден верник кај попот и му се жали:

– Попе, кучето ми е многу болно, а многу го сакам, не сакам да ми умре. Бива ли да му отпееш една молитва за здравје, може ќе му помине така?

– Невернику! Ние не пееме на животни во православната црква. Оди кај протестантите, тие за пари прават сè.

– Добро, попе, извини. А кажи ми, ќе ми стигнат ли 100 евра за кај протестантскиот свештеник?

– А бе чедо, што не кажа одма дека кучето ти е крстено!