Мајтап

Виц: Покана од УЈП

Му стига на Трпе препорачано писмо од УЈП, лично таму да се појави, бидејќи многу малку приход пријавил за данок.
Прво отишол кај сметководителката да се консултира, и сметководителката му вика:
– Облечи го нај старото одело, да изгледаш сиромав, они да видат дека немаш пари, и дека го имаат погрешено пресметано данокот.
Трпе за секој случај отишол и кај адвокат, и овој му рекол:
– Море облечи го најубавото одело што го имаш, ќе видат дека ги почитуваш и може ќе ти ја намалат цифрата за плаќање данок.
Трпе збунет, отишол и кај попот, и него да го праша.
Попот молчел некое време, и му рекол:
– Ќе ти кажам една приказна Трпе… Во очи на свадба младата невеста ја прашува мајка си, каква спаваќа да облече за првата брачна ноќ. Мајка и рекла долга со долги ракави, после ја прашала сестра си, а она и рекла куса и секси спаваќа…
– Ама попе што има врска оваа приказна со мене?!
– Иста е како твојот случај бе Трпе, што и да облечиш, ќе те ебат!

Advertisements
To Top