Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Некој војни се враќа од фронтот во родната Англија и патува со воз.
Сите места се зафатени, во едно купе седи млада девојка, а до неа на седиштето седи кученце.
Војникот ја прашува:
– Се извинувам млада дамо, дали можам да го искористам местото за седење до вас?
– Вие војници сте апсолутни будали! Нели гледаш дека ова место е за моето кутре?!
– Госпоѓо! Во ред е јас многу сакам кучиња, дома имам две. Дозволете ми да седам на ова место и кученцето може да го чувам во скут.
– Не само што вие војниците сте прости, туку сте и апсолутно дрски.
На војникот му прекипало, го отвора прозорецот, го фаќа кутре и го фрла надвор.
Дамата во шок не може да каже ништо, а до неа еден постар господин му се обраќа на војникот:
– Млад човеку! Не се согласувам со зборовите на дамата за војниците, но должен сум да напоменам дека некои работи не ги прават како што треба. Вие не војувате како што треба, не јадете со нож и вилушка, и еве го последниот пример – ја исфрливте погрешната кучка од прозорецот.