Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лето. Горештина. По улица оди многу згодна, убава и надарена плавуша. Се си е во ред, само има еден мал проблем.
Едната града и излегла надвор од деколтето на маичката. Сите мажи зјапаат без да трепнат. Зјапаат, но никој не се осмелува да и прозбори.
Конечно еден полицаец решава да си ја исполни обврската. И се приближува и вели:
Добар ден, госпоѓо!
Добар ден! одговара плавушата.
Има еден мал проблем кај вас.
Така ли? Каков?
Едната града ви излегнала надвор. Приберете ја ве молам, бидејќи многу им го одвлекувате вниманието на мажите, ќе направат некоја сообраќајка.
Плавушата си го погледнува деколтето и извикува:
Оф леле, Боже! Сум го заборавила бебето во трговскиот центар!