Виц: Никому не му е гајле за Македонците и Албанците


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Двајца политичари биле тандем како по собраниските и владините кулоари, така и по кафанските седенки. Секаде оделе заедно и по тоа сите ги препознавале. Секогаш седеле и во иста кафана, на иста маса.

Седат двајцата во кафаната и зборуваат. Им доаѓа сопственикот на кафаната и ги прашува: „О пак вие заедно?“ „Да бе. Еве, правиме план и стратегија како да им ги земеме парите на 1.5 милиони Македонци, 200.000 Албанци и на една цицлеста плавуша.“

„Зошто баш цицлеста плавуша?“ – ги прашува газдата на кафаната. А едниот политичар се врти кон другиот и му вели: „Гледаш! Ти реков дека никому не му е гајле за Македонците и Албанците!