Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Учителката му вика на дец’та у школ’то да кажат по еден пример за зборот “НАРАВОУЧЕНИЕ”, и да објаснат….
Прва се јавуе Сујз’то и вика:
—Мојта братучеда Вер’то, у основното ич не беше ученик за пример, и никој не веруеше дека че заврше и Средно, а не па и факултет, е она заврши Правен, со највисоки оценки….
—И шо е НАРАВОУЧЕНИЕТО Сузе туа….
—Со ногу труд, и јака волја можиш ногу да постигниш….
—Браво Сузе, ај сеа кој че каже друг пример…..
—Се јавуе Ѓерасимчето, и вика;
—Тате сакаше да направе пари за кратко време, и купи 20 кокошарници, а после купи кокошки, ама кокошките се разболеа, и пола изумреа, и сеа така стоат празни кокошарниците, а тато изгуби ногу пари…
—И шо е НАРАВОУЧЕНИЕТО Ѓерасимче…..
—Значи, со домашен есап не се оде на пазар….
—Одлично објаснето, некој друг да каже пример…
Пер’то крева рака, и учителката му вика:
—Ај Пере, и тебе да те чујме….
А Пер’то вика:
—Вујче Наќо, се пријави доброволец да се боре против ИСИС у Сирија, и оти беше пилот му дадија Сухој 25 авион, ама една ден му го погодија авионот, он си го тури падобранот, напред ранец, а у ранецот кило ракија, пиштол со десет куршуми, и нож ”Рамбо”, и додека паѓал го испил тоа шиш’то ракија, и каа паднал на земјата го опколиле 20 ИСИС-ци, 10 ги отепал со пиштолот, 5 ги убил со ножот, а 5 и задавил со голи раци….
—Е добро бе Пере, шо е туа НАРАВОУЧЕНИЕТО..
—НАРАВОУЧЕНИЕТО Е……НЕ СЕ ЗАЕБАВАЈ СО ВУЈЧЕ НАЌО КАА Е ПИЈАН…..