Виц: На суд, Мице се тужи со една голема компанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На суд, Мице се тужи со една голема компанија за нанесени тешки телесни повреди, бидејќи нивен камион го прегазил на една раскрсница.

Адвокатот на фирмата го прашува Мице:
– Господине, навистина сте му кажале на полицаецот кој го правел увидот, а тоа е внесено и во записник, дека сте добро и ништо не ви е?
Мице почнува да одговара:
– Беше вторник, и јас ја качив Цеца да ја носам на прч….
– Каква Цеца? – го прекинува адвокатот – Одговори ми точно на прашањето?
– Така де, значи Цеца ми е најдобрата коза што сум ја имал. Расна, убава, мерак ти е само да ја гледаш…
– А бре остај ја козата, вели адвокатот. Дали си му кажал на полицаецот дека си добро или не?
– Значи ја качувам јас Цеца…
Адвокатот го прекинува и се обраќа кон судијата:
Г-дине судија, се обидувам да докажам дека оштетениот изјавил дека не му е ништо, а сега го тужи мојот клиент дека наводно бил повреден. Ова е обид за измама.
Судијата се согласил, но Мице му бил интересен како зборува, па сепак решил да му даде шанса да објасни:
– Значи г-дине судија, ја качив јас Цеца моја да ја носам на прч и кога застанав пред раскрсница, гледам лево, па гледам десно и кога пред мене се појави тој камионот кога ме тресна, летнавме со Цеца десетина метри. Кога се подосвестив, се најдов во еден ендек и буквално се ме болеше. Не можев ич да мрднам. Цеца пак летнала од другата страна на улицата, не можев да ја видам, само ја слушам како блека жално. Да ти се скине срцето г-дине судија. Во тој момент гледам запира полицаец и слегува од колата.
Појде кај Цеца, ја виде каква е работата… рече оваа нема да ја биде, и извади пиштол и ја пукна… да не се мачи кутрата.
Веднаш после дојде кај мене, пиштолот уште му чади и ми вели:
– А ти како си? Добар си?
Да му ебам мајката г-дине судија, ти да беше што ќе му одговореше?