Виц: На очен лекар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мите отишол на очен доктор и се пожалил:
— Докторе помагај.Имам голем проблем.
Докторот му рекол да седне и го запрашал:
— Добро кажи ми што те мачи?
Мите само ги подигнал рамењата и рекол:
— Па знаеш што ме мачи,не гледам добро веќе.Кога ќе седнам во кафеана неможам да видам кој поминува од другата страна на улицата.
Докторот го прегледал и го испратил да направи уште неколку испитувања.И кога ги добил резултатите му рекол на Мите:
— Мите,не е добро.Навистина ли не гледаш како порано?
Мите климнал со главата,а докторот продложил:
— Добро.Тогаш ќе треба да ја смениш прехраната,не смееш да јадеш мрсна храна,нема да јадеш солено,нема алкохол,нема слатки работи.
Мите,го погледнал,се почешал по главата и станал:
— Знаеш што докторе,ќе си одам дома и да ти кажам право,баш ми е гајле кој поминува од другата страна на улицата!