Виц: На исповед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оди еден маж кај селскиот поп да се исповеда.
– Оче згрешив… најсрамниот грев го направив!
– Кажи чедо – Бог е милостив ќе ти прости…
– Не можам оче срам ми е!
– Да не е со Митра на воденичарот?
– Не оче – голем грев – ми изгоре душата…
– Да не е со Јана – на грнчарот жена му?
– Не оче … Ќе се варам цела вечност во Казан… Лелеее !!!
– Да не е со снаата на даскалот Трајан?
– Не оче, прости ми не можам – не можам да кажам…
И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува:
– O, Пејо, брат…што ти наваму? За каква работа си тука?
– Ништо комшија, за адреси и имиња дојдов…