Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мице имал ептен голем ксмет. Што и да изиграл фаќал. Пушти лото – седумка. Изиграј спортска – фати. Му збоктисало од пари и среќа и решил да одмори малку, да лови риба.
И погодувате што фатил – златна рипка. Пред да каже нешто рипката, тој веднаш и свикал:
– Ааа, ништо неќам!
– Не може така, мора да си побараш нешто! – рекла рипката.
Мислел Мице, мислел и на крајот рекол:
– Добро, сакам секс со згодна Индијка.
И веднаш се појавила секси Индијка, како на филмовите со црвена точка на челото.
Мице веднаш се збунил:
– Ама со точки се мажените, неќам јас со мажена!
– Добро де, изгреби ја точката, рекла рипката.
Ја изгребал Мице точката и под неа пишувало:
„Честито! Добивте стан во Охрид!“ ? ?