Виц: Масакр по дома


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Направил некој човек дома масакр, си ја убил фамилијата и сега се наоѓа на рочиште на суд:

Судијката: Господине, ќе можете на поротата да и го раскажете целиот настан од почеток?

Обвинетиот: Да, секако. Се враќам јас дома по деловно патување, влегувам во спалната и ја гледам жена ми со швалер.

Судијката прекинува: И тогаш го направивте злосторниот чин?

Обвинетиот: Не. Си реков, ај, често сум отсутен, греота е жена ми, нека си најде утеха. Нема проблем. Влегувам после кај ќерка ми и ја гледам во тројка со непознати.

Судијката повторно прекинува: Тогаш посегнавте по оружјето?

Обвинетиот: Не. Ај си викам млада е, нека истражува. Влегувам потоа во собата на синот и го гледам со шприцот во рака и се фикса.

Судијката пак се умешува: Значи тогаш се налутивте и.
Обвинетиот веќе изнервиран: Не бре жено! Си викам, ај мода е., сите млади го прават тоа денес.

АМА КОГА СЕ СЛЕГОВ ДОЛУ И КОГА ЈА ВИДОВ ПЕЧКАТА ВКЛУЧЕНА НА ТРОЈКА И ТОА НА СКАПА!