Виц: Маките на стариот ерген

Desperate

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Постар ерген долго време не можел да се ожени. Се ангажирале роднини и пријатели, ги превртеле сите маала, сите околни села, сите околни градови и на крај успеале да му најдат невеста. Ја донел мажот дома својата сопруга, поминала една недела, поминале две и мајка му го гледа како едно утро несреќен седи во дворот и чепка нешто во земјата пред куќата.
Зошто си синко толку несреќен? Еве гледаш дека не било крај на светот. Најдовме невеста, куќа да заличи, родот да се продолжи.
Не ми дава навечер. Еве две недели е кај нас, а не сака ни да чуе.
Остави ме мене да позборувам со неа!
Оди свекрвата налутено кај снаата:
Зошто си таква со син ми? Оти не му даваш?
Слушај стара! Јас тука дојдов домаќинка да станам. Од такви стапови преку глава ми е да знаеш!