Виц: Македонецот што си го оженил синот за ќерката од Бил Гејтс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонец му вели на неговиот син: Сакам да се ожениш со девојката која јас ќе ја одберам!
Синот: Не сакам!!!
Таткото: Таа девојка е ќерка на Бил Гејтс.
Синот: Е тогаш може.

Таткото оди кај Бил Гејтс.
Таткото: Сакам вашата ќерка да се омажи за мојот син!
Бил Гејтс го гледа зачудено и му вели: Не доаѓа во обзир!
Таткото: Мојот син е заменик директор на светската банка.
Бил Гејтс: Е тогаш може.

Таткото оди кај директорот на светската банка.
Таткото: Сакам да го вработите мојот син како ваш заменик.
Директорот: Нема шанси!!!
Таткото: Тој е зет на Бил Гејтс, оженет со неговата ќерка.
Директорот: Па што не кажа одма. Може!