Виц: Македонецот и канибалите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бродот со кој пловеле Англичанец, Французин и Македонец доживува бродолом овие тројца испливале до еден остров со канибали. Пред да ги јадат ги однеле кај главатарот и овој им рекол:
– Кој ќе ми каже нешто во што нема да можам да поверувам, ќе го пуштиме.
Англичанецот:
– Британија сака а не може да излезе од ЕУ.
– Ставајте го во манџата да се вари!
Французинот:
– Жена му на Макрон е 25 години постара од него.
– Ставајте го во манџата да се вари!
На крај Македонецот вели:
– Најјакиот мафијаш во Македонија се облекува како женско и пее песни од Лепа Брена.
– Хааааа, хаааааа, хаааааа, слободен си!