Виц: Македонец на јапонски гробишта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонец добил награда да оди во Јапонија заедно со својата жена. При посетата ја одвеле групата на јапонски гробишта. Разгледуваат и мажот забележува дека на надгробните плочи пишува Мао Суно, родена 1936, умрела 1975, таа живееше 10 години. На друг роден 1905, умрел 1973, живееше 3 години, и така натаму.

Смета нашиот, смета, нешто не му излегува пресметката и го прашува водичот во што е работата? Тој одговара дека во Јапонија е прифатено да се пишува само бројот на годините, во кои човекот бил среќен.
Се замислил нашиот човек и ѝ рекол на жена си:
Жено, кога ќе умрам на гробот да ми напишат ТОЈ СЕ РОДИ МРТОВ!