Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поради честите несреќи со Вселенски летала, Американците одбиле да летаат, па НАСА морала да распише меѓународен конкурс за астронаути.
Се пријавиле Германец, Русин и Македонец:
– Колку бараш за да леташ? – го прашале најпрвин Германецот
– Два милиони евра. Еден за мене, а другиот за моето семејство, ако ми се случи нешто.
Колку бараш ти за да леташ? – го прашале следен Русинот
– Три милиони евра. Еден за мене, еден за моето семејство ако ми се случи нешто и еден за Русија.
– На крај, го прашале и Македонецот:
– Четири милиони евра! – извикал Македонецот мртов ладен
– Ама ајде, да не претеруваш малку?!
– Епа… еве вака стојат работите:
– Еден за мене,еден за тебе пошто ми ја најде работава и два за Германецот, он нека лета!