Виц: Лудаци во авион


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Морало да ги пренесат лудаците до друга земја со авион затоа што немало каде да ги носат додека се реновира лудницата и сега во авионот: Влегува еден лудак кај пилотите и им вика Дај бе да го повозам малку авионот.
Пилотот: Како да ти го даам бе, од кај знаеш ти да пилотираш?
Лудакот: Кој не знае бе? И почнал да набројува: ова копче е за тоа, ова е за тоа, она за тоа и уште еден куп други.
Пилотот зачуден и му вика: абе ти стварно си знаел.
Па знам, што ти реков јас, дај сега малку..
Пилотот: Ок ке ти го дадам ама ако ги смириш оние твоите назад оти главата ми потече, цело време развикуваат назад.
Важи му вика лудакот и оди назад и се враќа по две минути а назад штама, ни глас не се слуша.
Пилотот: Добро бе што им направи што замолкнаа наеднаш?
Лудакот: Ехх.. што е лесно, ене им фрлив една топка надвор и сите заминаа да играат фудбал!