Виц: Лебарки во белите дробови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден Македонец отишол на лекар со болки во градите. Му направил докторот рентген и рекол:

– Имате лебарка во белите дробови. Треба да одите во Германија на операција.

Отишол во Германија, го прегледале таму и му рекле:

– Вие сте 15-ти пациент што ни доаѓа од Македонија. Белите ви дробови се совршено здрави. Кажете им на докторите таму дека имаат лебарка во рентгенот!