Advertisements
Мајтап

Виц: Лавот ги суди волкот и магарето

Се инатат волкот и магарето за тоа каква боја е тревата

Волкот: Тревата е зелена!

Магарето: Тревата е жолта!

Се договараат да одат кај лавот, нели дека тој кралот на животните, да пресуди кој е во право.

Ги сослушал лавот и го праќа волкот еден месец во затвор, а магарето го пушта на слобода.

Волкот му вели на лавот: О кралу, зарем и ти тврдиш дека тревата е жолта, па ме осуди заради тоа?

Лавот: Не, тревата е зелена и за тоа си во право. Ама крив си што си фатил да се инаетиш и расправаш со едно магаре.

 

Advertisements
To Top