Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се натегале меѓу себе Чак Норис, Супермен и Брус Ли кој има подобар слух, па почнале да се докажуваат.
Супермен вели:
„Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во едната соба – нема ништо, одам во другата соба и што да видам – пајакот фатил плете пајажина!“
На тоа Брус Ли враќа:
„Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци ми се слушаат, И станав да видам што е работата. Одам во едната соба нема ништо, одам во другата соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала да фаќа ‘рѓа“.
Доаѓа редот на Чак Норис:
„Слабоооо! Слабо другари. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои силни звуци и станав да проверам што е. Одам во едната соба ништо, одам во другата соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отворам шифоњерот и што да видам – капутот ми излегува од мода!“