Виц: Клетва од сопруга


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Се испокарале Трпе и жена му и таа почнала да го брка од дома:
– Собери си ги парталите и марш надвор! Оди си таму каде што си по цела вечер!
Трпе пакува алишта во еден куфер, ја пали колата, а Трпана му вика од балкон:
– И полека да умираш, бавно и болно! Бел ден да не видиш! Од малтретирање по цел ден, да се исушиш.
А Трпе искача од кола и довикува:
– Е сега ме збуни!? Сакаш да си одам или да се вратам?