Мајтап

Виц: Кинез и Македонец во кафана

Си седи еден нашинец во кафана и си пие пиво. Во кафаната влегува еден Кинез и седнува до него. По неколку минути молк и размислување, нашиот го прашува:
– Знаеш ли карате, кунг-фу и такви работи?
Кинезот го погледнал и рекол:
– Е добро, зошто ме прашуваш такви муабети? Затоа што сум Кинез?
– Не бе, затоа што од преѓе ми го пиеш пивото!

Advertisements
To Top