Виц: Киднапиран Македонец


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Криминалци киднапирале еден Македонец и го одвеле во некоја шума до едно езеро. Му ја потопиле главата во водата и го прашале:
– Злато, пари, дијаманти?
Му ја извадиле главата, а тој рекол:
– Не!
Пак му ја нурнале главата и повторно:
– Пари, дијаманти, злато?
Пак му ја извадиле главата од водата, а тој:
– Аман бе луѓе! Многу брзо ме вадите, ништо не можам да видам…