Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синот кој завршил факултет во градот, се враќа во родното село. Татко му од мерак мести маса среде дворот и ги кани сите комшии на гозба. Таткото:
– Оваа ракија сине, ја сварив кога замина на студии. Сега ќе ја испиеме.
– За мене подобро една чаша шампањско тато.
Откако ја испиле ракијата, таткото вели:
– Ова вино го направи исто така кога замина. Сега ќе го испиеме.
– Јас ќе се напијам една чаша сок, тато.
По некое време синот станува и вели:
– Извинете ме морам да одам по мала нужда.
По него веднаш станува таткото и ја зема пушката.
– Зошто ти е пушката бе? – Прашува комшијата.
– Ако клекне да моча, ќе го грмнам!