Мајтап

Виц: Како се станува милионер во еден ден

На семинарот „Како да заработам милион во еден ден“ излегува главниот предавач на говорницата. Следува долг аплауз од присутните.

Добар ден, драги учесници на семинарот. Првото прашање кое го имам до вас е: „Колку плативте за учество на семинарот?“

Еден од првите редови на присутните одговара: 1.000 денари.

Второ прашање: „Колку учесници има на семинарот?“

Друг човек одговара: „1.000 луѓе. Толку е капацитетот на салата, полна е“.

Предавачот: „Благодарам. Семинарот е завршен“.

Advertisements
To Top