Виц: Грујо на бербер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оди Груевски на бербер да се потстригува. Само што почнал да го стрижи, берберот му вели:

– А бе, слушам Бранко ќе се враќал.

– Батали бе тие муабети, стирижи таму.

По некое време пак:

– А бе, Бранко ќе се враќал.

– Доста со тоа бе.

И така неколку пати му повторувал, па на крајот Грјуо му вели:

– Што си запнал ти со тој Бранко бе, па нели си вмровец, затоа се стрижам кај тебе.

А берберот:

– А бе, ич не ми е гајле мене за Бранко, ама кога ќе ти го спомнам, косата ти се крева и полесно ми е за стрижење.