Виц: Гаќите на невиноста од кралицата Гвиневер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кралот Артур решил да оди на крстоносна војна, но тој имал голем проблем. Кралицата Гвиневер била многу убава, а витезите на тркалезната маса беа многу мераклии.

Кралот Артур отишол кај неговиот добар волшебник Мерлин со неговиот проблем. Добриот волшебник му рекол да дојде за една недела и неговиот проблем ќе биде решен.

Поминала една недела, па кралот отишол да види што се случува. Мерлин му дал едни железни гаќи, но имале голема дупка на дното. Кралот зачудено прашал:

Што е ова?Па нели вака сите витези ќе можат да ја „онадат“ кралицата преку дупката?

Гледај сега, рекол Мерлин.

Тој извадил едно стапче и го ставил во дупката. Се слушнал еден клик и една мала гилотина го пресекла стапот на две. Кралот бил многу задоволен, и ги облекол гаќите на кралицата и отишол на крстоносна војна.

Се вратил по 7 години и веднаш ги собрал витезите околу тркалезната маса за проверка. На кој му бил на половина, на кој целиот му го немало, само на Сер Галахар му бил цел.

Браво Сер Галахад, само ти ја спаси кралската чест. Кажи што сакаш и секоја желба ќе ти ја исполнам.

Но, Сер Галахад останал БЕЗ ЗБОРОВИ.