Мајтап

Виц: Фидел Кастро во пеколот и бегалците во рајот

Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
– Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
– Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
– Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
– Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top