Advertisements
Мајтап

Виц: Директорот, секретарката, сопругата и…

Директорот излегува од работа на пладне… На вилата со секретарката… Коњак. Бонбони. Заеднички туш. И после… Безумие… Жестоко… Вечерта се враќа дома. Уморен поглед. Обичен бакнеж. И молба кон сопругата:
– Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…
Жената оди во кујната. Кременадли. Пиво. Десерт. Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.
Жената вели:
– Цел ден го чекам овој момент… Одвај дочекав да си дојдеш…
И наеднаш – СМС. Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот. Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:
„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам… Таква сласт и задоволство… Не ли е тоа Рајот?“
Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли: „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“
А жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:
– Зошто го зеде мојот телефон?

Advertisements

Најпопуларно

To Top