Виц: Директорот и кандидатката за работа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На интервју за работно место во една компанија доаѓа млада и многу згодна девојка која се пријавила.

На директорот толку многу му се допаднала згодната девојка што половина час само ја гледал, со подзината уста и ништо не прашувал, ништо не коментирал.

Го забележала тоа шефицата на сметководство, па дискретно му шепнува на директорот: Директоре, четири деца!

А тој: Што? Толку млада, а веќе има четири деца?

Шефицата: Не таа, туку вие.