Home Мајтап Виц: Џентлменство на македонски начин

Виц: Џентлменство на македонски начин

Ситуација во првата половина на 20 век. Едно младо македонско момче отишло да студира во Франција. Со себе си ја зело единствената слика од родителите (сите ги знаеме оние стари фотографии, на кои мажот седи, а жената стои исправена до него).
По една недела таткото добива писмо:
Тато, многу се засрамив пред колегите. За да се запознаеме, секој покажа слика од своите родители. На сите слики жената седи, а мажот стои исправен. Само кај вас е обратно. Сега сите мислат дека македонските мажи не се џентлмени.
Таткото му одговорил:
Синко, објасни на своите колеги дека оваа слика е направена три дена по свадбата наша – мајка ти не може да си седне на газот, а јас немам сили да стојам на нозе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…